ТРАНСФЕР МАРКЕТ: „Ракометниот Шек“ има нов клуб, Вујачиќ останува во Израел, Чутура продолжи со Летонија…

  • Летонската ракометна федерација објави дека е продолжена соработката со селекторот Давор Чутура. Српскиот стратег ја презема селекцијата минатата година и сега го очекуваат квалификации за СП 2025 и ЕП 2026.
  • Некогашниот ракометар на Вардар Јуниор и Еурофарм Пелистер, Ристо Вујачиќ, во новата сезона ќе остане во Израел, но го промени клубот. Црногорскиот десен бек замина од Хапоел Ашдод и се пресели во Рамат Хашарон.
  • Норвешкиот голман Томас Лангеруд, кој лани потпиша тригодишен договор со Висла Плоцк, ќе оди на позајмица оваа сезона. Тој ќе брани во германскиот второлигаш ТУС Винхорст, кој е предводен од Давор Доминиковиќ.
  • Средниот бек на Гранољерс, Јан Гури, во новата сезона ќе ги брани боите на Спортинг Лисабон. Португалскиот вицепрвак му плати оштета на шпанскиот тим и го донесе 21-годишниот среден бек.
  • Kонгоанскиот кружен напаѓач Готје Мвумби, познат како „ракометниот Шек“, во новата сезона ќе има нов клуб. Тој беше промовиран како засилување за тимот на Руен, кој игра во Третата лига на Франција.