ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Пекелер „зебра“ до 2025 година, Вујо донесе нов голман, Ронберг останува дома

  • Еден од најдобрите дефанзивци, Хенрик Пекелер, потпиша нов договор. Пекелер заедно со раководството на Кил се одлучија за плус четиригодишна соработка односно до јуни, 2025 година.
  • Бундеслигашот Вецлар, го продолжи договорот со норвешкиот интернационалец Магнус Фредриксен до 2024 година. 23-годишниот среден бек дојде од Елверум и оваа сезона во Бундес лигата даде 24 меча.
  • Левиот бек на Брест Бретањ, Калидиату Ниакате, го продолжи договорот со францускиот тим до 2023 година.
  • Романскиот тим Валчеа ги продолжи договорите за следната сезона со тренерот Флорентин Пера, како и некогашните ракометарки на Металург – Кристина Лишчевиќ и Јелена Трифуновиќ, бекот Миреја Гонзалес и пикерот Есма Елгауи.
  • Левиот бек на финската репрезентација, Нико Ронберг, кој по кратката епизода во францускиот Иври, се врати дома во шампионот БК-46, го продолжи договорот со финскиот тим до 2023 година.
  • Борац Бања Лука, кој во оваа полусезона ќе биде предводен од некогашниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, донесе засилување на голманската позиција. Станува збор за 32-годишниот Белорусин Артем Подосинов, кој дојде од романската Дунареа Калараши.
  • Левиот бек Салвадор Салвадор го продолжи договорот со Спортинг Лисабон, иако за него се интересираа Порто и Бенфика.