ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ПАОК донесе Бразилка за дуелите со Металург, Шипиќ најде клуб, двајца Хрвати во Војводина

  • Францускиот репрезентативец Карл Конан по седум сезони во Екс Ан Прованс се пресели во Монпелје, со кој потпиша договор на три сезони до 2025 година. Конан три пати беше прогласен за најдобар дефанзивец во Франција.
  • Српскиот шампион Војводина очигледно дека нема намера лесно да ја предаде круната. По Пуховски, беа договорени уште три засилувања. Станува збор за левото крило Милош Грозданиќ, како и двајца Хрвати – десниот бек Марин Бунета од словенечката Рибница и голманот Фран Лучин од германскиот Ајзенах.
  • Хрватскиот шампион Загреб остана без кружниот напаѓач Марин Шипиќ. Поради малата минутажа, тој се реши да замине и потпиша договор со швајцарскиот тим Криенс Луцерн на една сезона, каде што од ова лето игра и Енди Шмит.
  • Шампионот на јужниот сосед ПАОК, пред средбите со Металург во Европскиот Куп донесе уште едно засилување. Станува збор за бразилскиот пивот Елен Гомеш, која доаѓа од романскта Баја Маре. Претходно светската шампионка од 2013 година играше за Гранољерс, Никобинг, Валчеа, Кастамону, Нант и Корона Брашов.
  • Десното крило Фарук Вражалиќ се врати во матичниот клуб Босна Високо. Босанецот во богатата кариера играше за Босна Сараево, Вогошча, Слога Добој, Адемар Леон, Бешикташ, ЧСМ Букурешт, Ајзенах, Балинген и Фуксе Белин.
  • Словенечкиот Тримо Требње донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за левото крило Матиц Поп, некогашен младински репрезентативец на Словенија кој доаѓа од екипата на Шкофја Лока.