ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Олимпијакос со ново засилување, Динарица останува во Косово, Келце донесе голман

  • Португалскиот првак Порто остана без двајца ракометари. Левиот бек Педро Круз и десното крило Мигел Алвес, во следната сезона ќе ги бранат боите на Агуаш Санташ, кој ќе биде дел од Лигата на Европа.
  • Полскиот првак Келце го врати во своите редови младиот голман Милош Валах, кој минатите две сезони беше на позајмица во Гдањск. Тој ќе му биде партнер на Андреас Вулф на голманската позиција, со оглед на тоа што Сандро Местриќ има повреда на грбот и нема да биде на располагање одредено време.
  • Грчкиот вицепрвак Олимпијакос донесе ново засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за средниот бек на националниот тим Савас Савас, кој по девет сезони во Германија се враќа во татковината. Савас играше за Хам Вестфален, Ајнтрахт Хилдесхајм, Грошвалтат и Минден.
  • Поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Арлинда Динарица, ја продолжи соработката со тимот на Истогу. Десното крило и во следната сезона ќе ги брани боите на косовскиот првак.
  • Финскиот тим Рихимаки Кокс го промовираше новото засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за словенечкиот лев бек Јака Шпилјак, кој во минатата сезона ги бранеше боите на кипарскиот Анортозис. Претходно играше за Целје, австрискиот Барнбах, германскиот Сарлуа, шпанскиот Бенидорм…