ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Нов пикер во Татран, најубавата ракометарка потпиша за ЧСМ, Булјубашиќ нов „петел“

  • Хрватскиот лев бек и специјалист за игра во одбрана, Јосип Булјубашиќ, на крајот на сезоната заминува од турскиот Бешикташ и ќе се пресели во финскиот тим Кокс, со кој потпиша договор на три сезони.
  • Црногорската репрезентативка Ѓурѓина Маловиќ, од следната сезона ќе ги брани боите на францускиот тим Тулон. По настапите за Даниловград, Будуќност, ФТЦ, МТК и Лублин, Маловиќ ќе игра за Тулон со кој потпиша договор до 2023 година.
  • Младиот полски репрезентативец Себастијан Качор, по само една сезона мината во Келце и борба за минутажа со Каралек и Турна, заминува од овој тим и во следните три години ќе игра за Горњик Забже.
  • Холандската репрезентативка Тес Вестер заминува од данскиот тим Оденсе и во следните две сезони ќе го брани голот на романскиот ЧСМ Букурешт. Двете други голманки заминуваат од клубот – Грубишиќ ја завршува кариерата, а Деду се сели во Рапид Букурешт.
  • Левото крило на Тримо Требње, Дино Хамидовиќ, потпиша договор со унгарската екипа Ѓенѓеш. Босанскиот репрезентативец се обврза на двегодишна верност со тимот што го елиминира Бутел Скопје од Лигата на Европа.
  • Словенечкиот десен бек Жига Млакар по неуспешните авантури во Висла Плоцк и Загреб, лани се врати во Целје Пивоварна Лашко со кој потпиша договор до крајот на оваа сезона, а денеска верноста ја продолжи за уште три години до 2024 година.
  • Словачкиот првак Татран Прешов за следната сезона го договори рускиот интернационалец Вјачеслав Касаткиин. Русинот треба да игра две сезони во тимот на Славко Голужа.
  • Левиот бек на австриската репрезентација, Александар Херман, го продолжи договорот со Гумерсбах на уште две сезони. Тој пред две години дојде во овој клуб по заминувањето од Вецлар.
  • Шведскиот репрезентативен пикер Фредрик Петерсон, по две години заминува од тимот на Монпелје и во следните две сезони ќе ги брани боите на неговиот претходен клуб, Тулуз.
  • Средниот бек на шведската репрезентација Алфред Јонсон на крајот на оваа сезона ќе си замине од бундеслигашот Хановер и ќе се пресели во данскиот Скјерн, со кој потпиша договор на две сезони.
  • Исландскиот тренер Арон Кристјансон се враќа на селекторската функција во репрезентацијата на Бахреин и ќе биде предводник на оваа селекција на Олимписките игри и Азискиот шампионат во 2022 година.
  • Некогашниот член на стручниот штаб на Вардар, Урош Брегар, го продолжи договорот со словенечкиот првак Крим на две сезони. Истовремено, Брегар е селектор и на женската словенечка репрезентација.