ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ненадиќ помладиот се врати во Бундес лигата, Кокс станува балканска колонија

  • Драшко Ненадиќ, помладиот брат на Петар Ненадиќ од Веспрем, се врати во Бундес лигата. По настапите за Целје и Грањолерс, левиот бек потпиша договор со тимот на Кобург.
  • Финскиот тим Рихимаки Кокс, кој сезонава наместо во Лигата на шампионите ќе игра во ЕХФ Купот, се засили со двајца ракометари. Станува збор за Хрватот Сандро Самарџиќ, 23 годишно десно крило на Замет Ријека,а доаѓа и Естонецот Рауно Копли. Претходно за Кокс потпишаа Ѓорѓе Ѓериќ, Иван Мошиќ, Срѓан Мијатовиќ…
  • Бундеслигашот Лудвигсхафен, каде што настапува македонскиот голман Мартин Томовски, донесе двајца нови играчи за следната сезона. 19-годишниот пикер Бенедикт Дам и 22-годишното лево крило Максимилијан Кеслер, кои се позајмени од Рајн Некар Левен.
  • Левото крило Максим Мочалов, по настапите за рускиот Таганрог, се враќа во Белорусија, каде што играше за Мешков Брест и потпиша договор со новакот во елитното белоруско друштво, Витјаз Леон.
  • Бундеслигашот Нордхорн го продолжи договорот со Доминик Калафут на уште две сезони. Словачкиот репрезентативен пикер претходно беше дел од Хановер, Вилхелмсхафенер и францускиот Сесон Рен.