ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мошиќ стана „петел“, ЦСКА Москва донесе десен бек

  • Рускиот тим ЦСКА Москва го потврди ангажманот на белорускиот интернационалец кој игра на десната бековска позиција, Олег Астрашапкин. Тој доаѓа од унгарскиот Чурго, каде беше најдобар стрелец со 370 голови на 87 меча.
  • Левиот бек на Бјерингро Силкеборг, Мадс Орис Нилсен, потпиша нов договор со данскиот тим и ќе остане и наредната. 39-годишниот Нилсен за овој тим настапува од 2017 година.
  • Португалскиот вицепрвак Спортинг Лисабон по многуте заминувања – Никчевиќ, Вујин, Јонеа, Фраде…објави за продолжувањето на договорот на две години со пикерот Тиаго Роча.
  • Литванската репрезентативка Бригита Иванаускаите потпиша договор на две години со германскиот второлигаш Цвикау. Претходната сезона литванскиот среден бек настапуваше за Родертал.
  • Норвешкиот селектор Торир Хергеирсон го продолжи договорот со федерацијата на уште четири сезони и ќе остане функцијата на која е веќе 11 години до Олимписките игри во Париз.
  • Финскиот тим Рихимаки Кокс, пo ангажманот на полскиот десен бек Игнаси Бак, донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за левиот бек Иван Мошиќ, кој досега беше дел од шпанскиот Адемар Леон.