ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Играч на Спортинг се враќа во Данска, Гавлик ја продолжи соработката со Љублин

  • Екипата на Колдинг, која се натпреварува во плеј-оф фазата во данскиот шампионат, го претстави новото засилување. Редовите на Колдинг ќе ги засили кружниот напаѓач Јонас Тидеманд. Искусниот ракометар, кој е дел од Спортинг Лисабон, потпиша тригодишен договор со својот нов клуб. Данецот од сезона 2021/22 настапува за клубот од Португалија, а во својата кариера беше дел од екипите на Скјерн, Есбјерг и Рингстед. Колдинг за новата сезона се засили со уште неколку домашни играчи.
  • Репрезентативката на Полска и капитен на Љублин, Вероника Гавлик, ја продолжи соработката со полскиот шампион на уште една година, со можност за продолжување на договорот доколку двете страни повторно најдат заеднички јазик. Гавлик за својот сегашен тим настапува од почетокот на 2011 година. За Лублин настапи на повеќе од 300 натпревари, седум пати го освои националното првенство, двапати го освои Купот на Полска. Искусната голманка со Љублин во сезона 2017/18 го освоија Купот на ЕХФ.
  • Членот на репрезентацијата на Чешка, Даниел Резнички, кој е соиграч на Никола Костески во Плезен, на лето ќе направи промена и ќе има нов клуб во својата кариера. 25-годишниот ракометар ќе го замени Плзен за полскиот Островија. Се работи за клуб кој моментално е позициониран на 9. позиција во најсилното натпреварување во Полска. Чешкиот репрезентативец со Плзен во оваа сезона го освои Купот на Чешка и има големи шанси да го освои и националниот шампионат.
  • Хрватскиот интернационалец Јосип Заја предвреме го напушти тимот на Фамагуста од Кипар и во остатокот од сезоната ќе настапува во Асобал лигата. Хрватот потпиша договор со Синфин каде што ќе остане до крајот на оваа сезона, бидејќи во следната сезона ќе го носи дресот на Ла Риоха. Десниот бек во Синфин ќе биде замена за повредените Николас Зунгри и Стјепан Јожиновиќ.
  • Бундеслигашот Рајн Некар продолжува да се засилува за новата сезона. Нов ракометар во редовите на тимот од Манхајм е поранешниот член на ГОГ, Стевен Јакобсен. 22-годишниот ракометар настапува на пикерската позиција и со своите одлични настапи во данскиот шампионат, поточно во екипата на Колдинг, го привлече вниманието на големите клубови. Јакобсен со Рајн Некар потпиша долгорочен договор, до 2026 година. Со трансферот во Рајн Некар, тој ќе може да ги покаже своите квалитети во најсилната лига на светот. Рајн Некар претходно се засили со Густав Давидсон од Хамарби.