ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Динамо остана без најдобриот, ЦСКА Москва донесе пет засилувања, Маслова во Мец

  • Најдобриот стрелец од минатата сезона на романскиот првак Динамо Букурешт, бразилскиот лев бек Раул Нантес, замина од клубот и од следната сезона ќе ги брани боите на Ал Ахли од Египет.
  • ЦСКА Москва донесе пет засилувања пред стартот на новата сезона. Станува збор за голманката Кира Трусова од романската Магура, десното крило Албина Муразлиева од Звезда, бековите Наталија Котина, Анастасија Кулак, како и Наталија Чигиринова која му се враќа на ракометот по бременоста.
  • Иако беше пред преселба во романскиот ЧСМ Букурешт, сепак руската репрезентативка Валерија Маслова, во новата сезона ќе ги брани боите на францускиот шампион Мец.
  • Некогашниот шпански репрезентативец Еду Роура стана тренер на францускиот второлигаш Шербур, откако овој тим остана без Фредерик Бужан кој ќе го води АЕК Атина. Роура досега работеше во Ница, а претходно во Екс Ан Прованс.