Романскиот шампион Динамо Букурешт потпиша нови договори со тројца ракометари. На една година се обврзаа Мохамед Мамду и Анте Кудуз, додека Камел Алуини потпиша на две сезони.
Десниот бек од Португалија, Хорхе Силва, кој играше со Дарко Димитриевски во Синфин Сантандер, направи трансфер во тимот на Нава.
Францускиот Сесон Рен најде замена за Робин Кантегрел и го обезбеди потписот на досегашниот голман на Ним, Јоже Базник.
ЦСКА Москва во следната сезона нема да смета на услугите на пивотменот Егор Евдокимов, десниот бек Евегениј Цахариас и дефанзивецот Никита Самарски.
Десниот бек на ПИК Сегед, Лука Степанчиќ иако имаше активен договор и за следната сезона, уште отсега го продолжи за уште две сезони и ќе остане најмалку до 2023 година во Унгарија.
Два десни бека ги напуштија своите клубови од Асобал лигата. Русинот Руслан Дашко по една сезона замина од Пуенте Хенил, а истото го направи и Унгарецот Балинт Фекете, кој замина од Куенка.