ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Грција станува ветена земја за Шпанците, Таминен ќе биде „петел“ до 2024 година

  • 21-годишниот чувар на мрежата на Татабања, Хавиер Демењи потпиша договор на една година со тимот на Ференцварош.
  • Рускиот „Брз Центар“ најави дека левиот бек Виталиј Комогоров, кој минатата сезона ја мина во унгарската Татабања, е пред потпис со Констанца. Романскиот тим веќе ги донесе Ален Блажевиќ и Онур Ерсин.
  • Русинката со унгарски пасош Кристина Тришчук од следната сезона ќе игра за тимот на Алба Фехервар. Таа претходно беше дел од Дунајварош, Шиофок, Кишварда, Турингер, ЕРД, Веспрем и Луч Москва.
  • Капитенот на Рихимаки Кокс, левото крило Тему Таминен, го продолжи договорот со финскиот тим за уште четири сезони и ќе остане во овој клуб до 2024 година.
  • Средниот бек на Будуќност, 19-годишната Николина Кнежевиќ, која дебитираше на последното СП во сениорската репрезентација на Црна Гора, од следната сезона ќе биде дел од романскиот Галаци.
  • Трет шпански интернационалец ќе игра во грчкиот шампион АЕК Атина. По Игнасио Моја и Игнасио Плаза Хименез, во Атина доаѓа десното крило од унгарскиот Балатонфуреди, Луис Фелипе Реина.