ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Војводина со четири засилувања, Кокс донесе нов голман

  • Поранешната руска репрезентативка Екатерина Веткова, не доби продолжување на договорот со тимот на Дижон и ја заврши француската авантура. Веткова е екс членка на Тулон, ЧСМ Букурешт, Корона Брашов, Астраханочка, Лада, Звезда и Валчеа.
  • Хрватска репрезентативна голманка Марина Разум, која досега беше дел од романскиот тим Дунареа Браила, од идната сезона ќе биде член на полскиот шампион Лублин, со кој потпиша на една година.
  • Финскиот тим Рихимаки Кокс ангажираше нов голман за следната сезона. Литванскиот чувар на мрежата, Геидриус Моркунас, по една година помината во францускиот второлигаш Каен се враќа во Кокс со договор на една сезона.
  • Досегашниот лев бек на ЦСКА Москва, Дмитри Шелестјуков, на кого не му беше продолжен договор со тимот од руската престолнина, веднаш си најде нова средина и потпиш за Динамо Астрахан.
  • Српскиот шампион Војводина донесе четворица нови ракометари. Десното крило Дарко Миленковиќ доаѓа од Динамо Панчево, додека левиот бек Стефан Миљковиќ и левото крило Бојан Раѓеновиќ од Борац Бања Лука. Најзвучно име е екс српскиот репрезентативен пикер, Бојан Бељански, кој доаѓа од Кадетен Шафхаузен.
  • Француската голман Жули Фоже, која настапуваше во последните три години за унгарскиот ЕРД, се сели во романскиот тим Рапид Букурешт. Претходно Фоже го бранеше голот на Мио Бигано и Флери Луар.