ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Висла го потврди Зарабец, Јерабкова потпиша за Икаст, Алборг донесе десно крило

  • Полскиот вицепрвак Висла Плоцк го потврди најавениот трансфер на средниот бек Миха Зарабец. Словенецот по шест сезони заминува од Кил и потпиша договор на три сезони до 2026 година.
  • Најкорисната ракометарка на последниот Ф4 во Лигата на шампионите, Маркета Јерабкова, на лето заминува од европскиот првак Вајперс Кристијансанд и ќе се пресели во данскиот Икаст со која потпиша договор на три сезони.
  • Десното крило Патрик Висмах го напушта бундеслигашот Лајпциг и по пет години се враќа во татковината и ќе го облече дресот на Алборг, со кој потпиша договор на четири сезони.
  • Шведското десно крило Андреас Флодман, кој досега беше дел од данскиот Алборг, заминува во Бундес лигата и ќе ги брани боите на Гепинген, со кој се договори за тригодишна соработка.
  • Пикерот од Бразил, Еди Силва е најновото име од Спортинг Лисабон, кој ја продолжи соработката со португалскиот тим. 24-годишниот кружен напаѓач исто како и браќата Кошта потпиша долгорочен договор.
  • Данскиот стратег Јакоб Вестергард заминува од Виборг и од лето ќе биде тренер на германскиот шампион Битигхајм. 47-годишниот Данец потпиша до 2025 година и ќе биде замена за Маркус Гаугиш, кој продолжува како селектор на Германија.