ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Бранкињо продолжи со Порто, Висла со нов Шпанец, Посавец оди во Романија

  • Десното крило од Адемар Леон, Гонсало Перес Арсе, потпиша договор со полскиот вицепрвак Висла Плоцк до 2024 година. Шпанецот требаше да се пресели во Мешков Брест на лето, но тој трансфер нема да се случи.
  • Левото крило на Порто, Диого Бранкињо, ја продолжи соработката со португалскиот шампион за уште две сезони. Бранкињо и Митревски, ќе бидат соиграчи и во следниот период, откако и Македонецот потпиша нов договор.
  • 23-годишниот грузиски репрезентативец Ерекле Арсенашвили замина од Спортинг Лисабон по две сезони и ќе се пресели во Шпанија. Таму потпиша договор на две сезони со тимот на Пуенте Хенил.
  • Хрватската репрезентативка Паула Посавец, која минатата сезона ги бранеше боите на словенечкиот Крим Љубљана, ќе се пресели во романскиот шампионат. Левото крило потпиша договор со Глорија Бистрица.
  • 29-годишното десно крило на Мотор Запорожје, Артем Козакевич, во новата сезона ќе настапува за романската екипа Баја Маре. Тој е петтото засилување за овој клуб, откако претходно дојдоа Ратковиќ, Фотаче, Манеску и Јордаче.