ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Беше понуден на Еурофарм Пелистер – а заврши во Романија, Гедбан со еден конкурент помалку

  • Полската репрезентативка Јоана Волошик, која настапува на позицијата лев бек потпиша договор на една година со новакот во Француската Прва лига, Сен Аман. Претходно таа играше за турскиот Кастамону, како и полските Погон и Гдиња.
  • Тимот на Адемар Леон остана без голманот Дмитри Патоцки, кој се сели во тимот на Нава од Асобал лигата. Калифа Гедбан ќе го има за конкурент во шпанскиот клуб само Хрватот Дино Славиќ.
  • По неуспешната авантура во Савехоф, Јонас Лархолм, во новата сезона ќе биде помошник тренер во данскиот Рибе Есбјерг, со кој потпиша договор за следните две години.
  • Капитенот на Адемар Леон, Марио Лопес, кој требаше да потпише договор на две години со овој тим, откако се скара со раководството, си замина и веднаш најде нов клуб –  Бенидорм.
  • Францускиот лев бек Лео Рено Давид, кој беше понуден на тимот на Еурофарм Пелистер, а до крајот на оваа сезона играше за шпанска Бидасоа, потпиша договор со романскиот тим Бузау на две години.
  • 21-годишниот кружен напаѓач Миха Кавчич, ќе остане во тимот на Горење Велење откако го продолжи договорот на уште две сезони со „осите“.