Босанскиот репрезентативец Мирсад Терзиќ, ќе продолжи и во иднина да го носи дресот на полскиот вицепрвак Висла Плоцк. Терзиќ се договори за нова едногодишна соработка, која ќе трае до јуни 2023 година.
Шпанската репрезентативка Кармен Мартин по завршувањето на сезоната ќе ја промени средината. Десното крило заминува од ЧСМ Букурешт, откако потпиша договор со шведскиот Савехоф, а таму може да и се придружи и Изабел Гулден.
Словенечкиот голман Примож Прост кој заминува од бундеслигашот Штутгарт, најде нова средина. Тој потпиша договор со шведскиот тим Иштад и од следното лето ќе има нов предизвик. Прост е екс член на Монпелје, Гепинген, Горење…
Десното крило Мариус Стенхаузер, реши на крајот од оваа сезона да си замине од Фленсбург. Сепак германскиот репрезентативец ќе остане во татковината и ќе ги брани боите на Хановер во следните две сезони.
Шведскиот лев бек на Лимож, Мартин Линдел, по доаѓањето на Матеј Хрстиќ во клубот, заминува во Норвешка и од полусезоната ќе настапува за тимот на Рунар од Сандефјорд.
Австрискиот голман Томас Бауер, по престојот во Катар во екипата на Ал Рајан, се враќа во Грција. Тој потпиша договор со Олимпијакос, а фановите на АЕК Атина, чии бои ги бранеше до лани, сигурно нема да бидат среќни поради оваа одлука.