ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Алборг донесе уште една ѕвезда, Божовиќ продолжува во Франција

  • Српската репрезентативка Тамара Радојевиќ потпиша договор на една година со унгарскиот тим Кишварда. Таа пред паузата поради бременост беше дел од овој тим, а оваа сезона ја игра во Бекешчаба.
  • Данскиот Алборг додаде уште една ѕвезда во тимот. Шведскиот репрезентативец Јеспер Нилсен, кој во моментов е член на бундеслигашот Рајн Некар Левен, потпиша договор на три сезони со Алборг.
  • Црногороскиот репрезентативец Милош Божовиќ, во моментов играч на Татабања, кариерата од лето ќе ја продолжи во францускиот Иври. Покрај Божовиќ, во Иври доаѓаат десното крило Вукашин Воркапиќ од Металопластика, како и десниот бек од Тунис, Ваел Шати.
  • Германскиот интернационалец Мануел Шпат, кој игра за португалскиот првак Порто, е на добар пат да се врати во татковината. Пикерот е многу блиску до договор со Хамбург, кој би требало да се врати во Бундес лигата следната сезона.
  • По Лариса Калаус, Бјанка Базалиу, Бојана Милиќ и Дијана Илина, тимот на Подравка  се засили со уште две ракометарки. Станува збор за кружните напаѓачи Ирина Стелмах од руската Астраханочка и Сара Шенвалд од германскиот Некарсулмер.
  • Бундеслигашот Хановер во идната сезона нема да смета на шведскиот репрезентативец Алфред Јонсон, кој потврди дека ќе си замине од тимот каде што игра Македонецот Филип Кузмановски.