ТРАНСФЕР МАРКЕТ: АЕК купи нов Хрват, Пинтеа во ЧСМ Букурешт, Загреб остана без леви крила

  • Кружниот напаѓач Крина Пинтеа, по една сезона мината во унгарскиот Ѓер се враќа во татковината и ќе го носи дресот на романскиот ЧСМ Букурешт, откако потпиша договор на две сезони.
  • Словенечкото десно крило Јан Јуречич по авантура во полската екипа Висла Плоцк се враќа во татковината и потпиша договор со вицепрвакот Тримо Требње, па ќе му биде конкуренција на Хрватот Филип Главаш.
  • Левото крило од Загреб, Валентино Равниќ, замина од хрватскиот шампион и во следната сезона ќе ги брани боите на романската Констанца. Претходно замина и Давид Мандиќ, па „плинарите“ мора да бараат нови леви крила.
  • АЕК Атина го продолжи договорот со капитенот Панајотис Николаидис, а по Мандалиниќ, се засили со уште еден Хрват со бундеслигашко искуство. Станува збор за десниот бек Никола Јукиќ, кој доаѓа од Минден и потпиша на една сезона.
  • Десниот бек на Порто, Диого Силва, заминува од португалскиот првак ова лето и кариерата ќе ја продолжи во Данска или во Шпанија. За неговите услуги се заинтересирани Колдинг и Адемар Леон.
  • Голманот на руската репрезентација и на Чеховски Медведи, Дмитри Павленко, го продолжи договорот со рускиот шампион на уште три сезони и ќе остане „мечка“ до 2025 година.
  • Полскиот вицепрвак Висла Плоцк ангажираше нов чувар на мрежата. Станува збор за 22-годишниот норвешки голман Томас Лангеруд од Хаслум, кој потпиша договор што ќе стапи на сила во 2023 година и ќе важи до 2026.