ТРАНСФЕР МАРКЕТ: АЕК Атина со нов пивот во Струга, Парондо носи нов бек, Сердио до 2026 во Висла…

  • Откако го раскина договорот со швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, Словенецот Игор Жабиќ веднаш најде нов ангажман. Тој потиша за грчкиот АЕК Атина, со кој ќе настапи на Струшкиот турнир.
  • Официјалниот сајт на Висла Плоцк објави дека е продолжена соработката со шпанскиот кружен напаѓач Абел Сердио до крајот на 2026 година. Тој игра за полскиот вицепрвак од 2020 година.
  • 42-годишниот голман Светислав Веркиќ по една сезона на голот на израелскиот Хапоел Ашдод, заминува од оваа екипа. Според пишувањата на српските медиуми тој ќе продолжи да брани во татковината.
  • Капитенот на холандската репрезентација, Боби Шаген, ја продолжи соработката со бундеслигашот Лемго до 2026 година. Десното крило настапува во германскиот тим од 2019 година.
  • Официјалниот сајт на францускиот Мец објави дека е потпишан нов договор со кружниот напаѓач Сара Буктит. Француската интернационалка се обврза на соработка до 2026 година со тимот на Емануел Мајонад.
  • Според „handball.leaks“, средниот бек Мохамед Дармул, кој минатата сезона го носеше дресот на Минден и имаше одлични партии, е на чекор до потпис со Мелсунген, тимот што го предводи екс стратегот на Вардар, Роберто Парондо.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!