Трансфер во лутиот ривал: Тонесен од Веспрем се сели во ПИК Сегед

Норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен, по четири сезони заминува од унгарскиот првак Веспрем.

Тонесен лани потпиша договор на 1+1 година со Веспрем, но втората опција не беше активирана. Десниот бек е трета опција по Македа и Јахија, па во потрага по голема минутажа се сели во големиот ривал ПИК Сегед.

Со вицепрвакот Тонесен потпиша договор на две сезони и би требало да биде тандем со Лука Степанчиќ, иако ПИК Сегед му понуди нов договор и на Станислав Кашпарек, кој игра одлично оваа полусезона.

Тонесен во Веспрем дојде од Фуксе Берлин, но освен првата сезона, не се изнаигра премногу. Во Скопје пред две години на средба со Вардар од ЛШ заработи тешка повреда и се уште не може да се врати во старата форма.

Потекнува од состаавот на  Фјелхамер, играше за Хаслум и Савехоф, пред да се пресели во Бундес лигата, каде освен за Фуксе Берлин настапуваше и за Вецлар.