ТРАНСФЕР БОМБА: Никлас Ландин потпиша за Алборг!

Голманот на Кил и данската репрезентација, Никлас Ландин, заминува од Кил на крајот на договорот и од летото 2023 година.

Тој ќе му се приклучи на данскиот дрим-тим Алборг, со кој се обврза на соработка до 2027 година.

„Имав фантастични години во Германија, но поради семејни причини решив да се вратам во Данска. Во исто време, имам највисоки спортски амбиции, а и Алборг исто. Го следам клубот, знам дека има фантастична атмосфера. Едвај чекам да станам дел од овој проект“, вели Ландин.

Тој се враќа во Данска по 2012 година, откако претходно беше дел од Копенхаген, ГОГ Гудме и Бјерингбро Силкеборг, а потоа се пресели во Рајн Некар, каде бранеше до 2015 година.

Покрај Ландин, во Алборг веќе е Арон Палмарсон, на лето доаѓа и Микел Хансен, па данскиот тим сигурно ќе биде меѓу топ фаворитите за титулата во Лигата на шампионите.