Трансфер бомба во Кавадарци: Мирко Мајиќ две години во Тиквеш!

Екипата на Тиквеш се активира на трансфер пазарот и го договори првото засилување за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Прво засилување во редовите на тимот од Кавадарци е искусното лево крило Мирко Мајиќ од Бутел Скопје, дознава 24Ракомет.

Црногорскиот интернационалец, кој е меѓу најдобрите стрелци во македонската елита во последните години, со раководството на Тиквеш се договори на двегодишна соработка.

Тоа значи дека Мајиќ во сезона 2024/25 ќе прослави јубилејни десет години играчка кариера во Македонија.

Мајиќ беше член на некогашната МАКС Струмица една сезона, кога овој тим играше во СЕХА, одигра една сезона и во Радовиш, додека во Бутел Скопје мина пет сезони.

Тиквеш претходно го продолжи договорот со капитенот, средниот бек Страхиња Симиќ.

Екипата од Кавадарци сезоната во Супер лигата ја заврши на 4. позиција и избори пласман на европска сцена.