Традицијата продолжува: Прилеп по осми пат ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Тимот на Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Ова лето ќе се одржи осмото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на домашни и странски екипи.

Од клубот информираа дека годинешното издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи во периодот од 26 до 28 август.

Во првите два дена ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман.

Во ланското издание победник на турнирот беше екипа на Дубочица од Србија, додека второпласиран беше домаќинот Прилеп.