Традициите постојат за да се рушат: Пролет пред потпис со српски интернационалец!

Тимот на Пролет во долгата историја, скоро никогаш не се потпирал на ангажмани на странски ракометари, но таа традиција веројатно оваа сезона ќе биде прекината.

На проба во “Македонско Сонце” беше српскиот интернациоаналец со грчки пасош Цуро Мујиќ, кој во првиот дел од сезоната беше член на Олимпијакос.

Левиот бек потекнува од Нови Сад, но најголем дел од кариерата, дури седум сеозни помина во Диомидис Аргос, пред да го направи трансферот во тимот од Атина со кој играше во ЕХФ Купот.

Никола Матлиески на левата бековска позиција го има Иван Џонов, а доколку потпише со Мујиќ, тимот на Пролет ќе има уште опција плус во нападот пред стартот на битките во плеј-офот.