ТРАГЕДИЈА: Ненадејна смрт на прославен југословенски ракометар!

Легендарниот југословенски ракометар Златко Портнер, ненадејно почина на 59 години. Членот на прославената златна генерација на југословенскиот ракомет беше дел од Црвенка, пред да замине во Металопластика Шабац, со која освои две европски шампионски титули (1985 и 1986).

Потоа беше член на шпанска Барселона, со која исто така се искачи на европскиот врв, а играше и во Франција и Швајцарија.

По играчката кариера започна тренерска во неколку швајцарски клубови,

Неговиот син Никола е голман, ја продолжи семејната ракометна традиција и брани за швајцарската репрезентација. Со тимот на Монпелје ја освои европската шампионска титула во 2018 година, а сега е дел од Шамбери.