„Тој е феномен – како да го критикувате човекот кој 20 години освојува медали“

Поранешниот освојувач на злато од Светско првенство со Југославија и олимписко злато со Хрватска, Златко Сарачевиќ кој е сегашен тренер на Подравка имаше само убави зборови за Лино Червар.

Некогашниот соработник на Лино Червар во репрезентацијата на Хрватска објасни зошто нема право да каже било што лошо за човекот кој е најуспешен тренер од овие простори и кој веќе 20 години освојува трофеи.

„ Му бев помошник на Червар во репрезентацијата на Хрватска. Немам право да кажам нешто против Лино. Кој сум јас да критикувам еден човек кој 20 години освојува медали, 20 години прави резултати и кој постојано испробува нови работи. Верувам дека сè додека е здрав тој ќе биде на теренот и таму му е  местото. Тој е феномен. До доцните часови зборува за ракомет и постојано има некои неочекувани теми како анализа на голаманите, тоа е негов начин на живот“, коментираше Сарачевиќ  за „Балкан Хендбол“.

Лино Червар и на последното Европско првенстов уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите со овојувањето на сребрениот медал со репрезентацијата на Хрватска.