Тофт ем бранеше, ем даваше голови – Брест триумфираше над Оденсе

Во женската Лига на шампиони се одиграа два натпревари, во Данска, Есбјерг беше домаќин на Мец, а уште играа и Брест и Оденсе во натпревар кој беше прогласен за меч на неделата од ЕХФ. И на двата дуела француските тимови ги освоија бодовите.

Есбјерг и Мец одигра неизвесен натпревар со неколку пресврти кој на крајот го доби гостинската екипа со 25:28. Данскиот тим го имаше почетното водство до 5:5. Потоа Мец го сврте резултатот и успеа да се одлепи на четири разлика.

До крајот на полувремето имаше уште еден пресврт на резултатот, во завршницата Есбејрг направи серија 7:0 и повторно го презема водството. Така беше и на полувреме кога домашниот тим имаше предност 16:12.

Есбјерг одржуваше позитива се до резултат 21:21 на средината на вториот дел. Мец со поквалитетна игра успеа уште еднаш да го преземе водството и да го задржи до крај за конечна победа.

Во натпреварот на неделата Брест имаше одлично издание и оствари убедлива победа против Оденсе со 32:21. Првиот дел беше доста изеначен, двете екипи имаа добри минути и го менуваа водството, Брест имаше предност на полувреме 15:13.

Во второто полувреме доминираше домашната екипа и со убедлива игра стигна до висока победа. Најзаслужна за победата на Брест беше голманката Сандра Тофт која имаше 18 интервенции, а постигна и два гола. Со овој учинот Тофт беше прогласена за играч на натпреварот.