Тото: Засекогаш ќе ги паметам навивачите и бурекот, можеби ќе се вратам еден ден…

Французинот Жереми Тото кој изминатата сезона беше одличен на пикерската позиција во Вардар го одигра последниот натпревар во црвено-црниот дрес во последното коло од Супер лигата против Тиквеш.

Тото е задоволен од неговиот претстој во Скопје и постигнатото, а особено истакна дека две работи нема да ги заборави – тоа се публиката и бурекот.

„Сезоната со еден збор можам да ја опишам како интензивна, а исто така и неверојатна. Ова беше едно големо искуство за мене, уживав да играм тука и беше многу важно за мене што играв во Лигата на шампионите. Сега е време да одам но можеби ќе се вратам еден ден. Секако засекогаш ќе ја паметам публиката во Скопје, според мене тука е најдобрата атмосфера во која сум играл во мојот живот. Исто така втора работа што ќе ја паметам од Скопје е бурекот“, изјави Тото за 24Ракомет.

Од нареднат сезона французинот се враќа во својата земја и ќе настапува во екипата на Нант.