Тото: Во Вардар тренерот Дејвис го извади ’новиот’ играч од мене!

Францускиот интернационалец Жереми Тото во минатата сезона беше дел од Вардар, но иако тоа беше кратко во Скопје, стана еден од милениците на навивачите.

Тој сега е дел од францускиот Нант, кој е негов трет клуб во татковината по Кретеј и Сен Рафаел. Во странство освен во Вардар, играше и за полската Висла Плоцк.

„Во Плоцк, научив да бидам играч за во напад. Многу нешта за тоа што сум денеска, како играч, и ги должам на Висла. Во Вардар, пак, играв за тренерот Давид Девис, тренер кој ми ја промени визијата за ракомет. Тој е еден од најдобрите тренери, се што правите на теренот е со причина, дури и како ја поставувате вашата нога или правите некој потег. Тој направи да излезе ’нов’ играч од мене.

Тото сега со успех игра за Нант, со кој минатото лето потпиша договор на три сезони.