Томовски ја „спушти ролетната“, прими само девет гола за едно полувреме

Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Лудвигсхафен славеше на домашен терен со убедливи 30-20, а на полувремето имаше предност од шест гола, 17-11.

Томовски бранеше во второто полувреме и забележа десет интервенции, а прими само девет погодоци.

Овој натпревар се одигра пред 250 гледачи, па веројатно и на стартот на бундеслигашките возбудувања ќе може да има публика.

Во првото коло од Бундес лигата, која стартува на 1 октомври, Томовски и Лудвигсхафен на домашен терен ќе играат со Лајпциг.