Томовски: Покажавме карактер кога беше најтешко!

Македонија ја оствари и втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

По Финска, падна и Швајцарија падна во Шафхаузен. Иако нашите ракометари имаа пад во вториот дел, сепак се вратија по негатива од три погодоци и успеаја да го свртат натпреварот во своја корист.

Голманот Мартин Томовски доби шанса во финишот, и собра четири интервенции.

„Најважно беше што се вративме кога беше најтешко и покажавме карактер. Имавме криза во вториот дел, ама ја надминавме со добрата одбрана и добрата комуникација. Сметам дека работата се уште не е завршена, ни претстојат уште натпревари, каде што мораме да покажеме многу повеќе од ова вечерва, да бидеме максимално ангажирани и концентрирани во текот на целиот натпревар. Ќе мора да обрнеме повеќе внимание на грешките, да ги исправиме истите и во иднина да немаме такви проблеми“, вели Томовски за 24Ракомет.

Дел од швајцарските репрезентативци му се познати на Томовски од германското првенство, каде што тој го брани голот на Лудвигсхафен.

„Секако дека тоа искуство од Бундес лигата ми беше од голема корист, но дефинитивно соработата со одбраната и добрата комуникација беше од најголема корист. Игравме паметно откако го преземавме водството и бевме посигурни“, заврши Томовски.

Следни предизвици за нашите ракометари ќе бидат дуелите во март следната година со светскиот првак Данска.