Томовски: Ние сме Вардар и секогаш мора да играме најдобро што можеме

Ракометарите на Вардар денеска го играат првиот натпревар во 2022 година и прв официјален во новата сезона од регионалната СЕХА лига.

Ривал е незгодниот Нексе Нашице, кој секогаш игра добро на гостувањата во Скопје, а со тоа се согласува и голманот Мартин Томовски.

„Нексе секогаш игра добро против Вардар. Знам дека и сега ќе направат се за да слават. Имаат многу хрватски играчи и подолго време се заедно. Но, ние сме Вардар и нашата цел е секогаш да играме најдобро што можеме. Подготвени сме максимално за ова што не очекува сезонава во СЕХА лигата“, изјави Томовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.