Томовски и Миркуловски се откажаа од платите додека трае коронавирусот!

Сите ракометари на бундеслигашите Вецлар и Лудвигсхафен, каде што играат и нашите ракометари Филип Миркуловски и Мартин Томовски, ќе им помогнат на клубовите во финансиската битка во време на коронавирусот.

Ракометарите на овие две екипи ги следат Лајпциг и Фуксе Берлин, чии играчи исто така се откажаа од дел од платите во месеците кога нема натпревари.

Клубовите немаат приходи ниту од билети за натпреварите од Бундес лигата, која е во прекин, ниту од спонзорските договори, па им претстои тежок период.

Според германските медиуми, играчите ќе добијат само половина од износот на платите за март, април, мај и јуни.