Титула во чест на Кинтана, Митревски и Порто станаа шампиони на Португалија

Порто на Никола Митревски во 28. коло од шампионатот на Португалија ја совлада екипата на Агуас Сантас со 35:32 и на две кола до крај ја освои титулата во домашното првенсство.

На социјалните мрежи клубот објави фотографија со која освоената титула му ја посветува на голманот Алфредо Кинтана кој почина откако доживеа срцев удар на тренинг.

Никола Митревски на овој натрпевар не настапи,но и покрај тоа неговиот тим успеа да ја продолжи победничката низа во првенството. После 28 кола Порто има исто толку победи.

Порто наиде на силен отпор од противникот кој се наоѓа на четвртото место на табелата. На полувреме тимот на Митревски имаше водство од 16:14, а во продолжението ја потврди победата.