Типичен Холанѓанец – ракометар на ПСЖ на дуелите од ЛШ доаѓа со велосипед (ВИДЕО)

Холандскиот репрезентативец Лук Стеинс е големо освежување во играта на францускиот шампион ПСЖ.

Медиа тимот на ЕХФ одбележа интересен момент пред средбата меѓу ПСЖ и Келце. Стеинс како типичен Холанѓанец го користи велосипедот како превозно средство за да доаѓа во „Пјер де Кубертен“ на натпреварите од елитното натпреварување.

Средниот бек игра во добра форма сезонава, а тимот на Раул Гонзалес забележа и трета победа по ред во ЛШ, откако загуби во Полска.