Тимур Дибиров e номиниран за најдобро лево крило во Лигата на шампионите!

Медиа тимот на Европската ракометна федерација ги објави играчите кои конкурираат за Ол стар тимот за Лигата на шампионите за сезоната 2021/22.

Покрај македонскиот репрезентативец Никола Митревски од Порто кој е номиниран за најдобар голман, има номинација и за еден ракометар на Вардар.

Левото крило Тимур Дибиров се наоѓа во силна конкуренција со Уго Деска, Себастијан Фримел, Хампус Ване, Дилан Наи и Мануел Штрлек.

Може да се гласа преку апликацијата на ЕХФ и гласањето ќе трае до среда, 15 јуни на полноќ, а идеалниот тим на сезоната ќе биде објавен на 17 јуни.