Тимур Дибиров во идеалниот тим на СЕХА за март

Медиа тимот на регионалната СЕХА лига го прогласи идеалниот тим по четвртфиналните натпревари, иако два од нив беа одложени поради ширењето на коронавирусот.

Шампионот Вардар славеше во Нашице кај Нексе со 30-31 во првиот четвртфинален натпревар, а еден од најзаслужните за тоа беше левото крило Тимур Дибиров, кој постигна 12 погодоци.

Останаа да се доиграат уште реваншите меѓу Нексе и Вардар, како и меѓу Војводина и Веспрем, а беше одложен и завршниот турнир во хрватскиот град Задар.

Алтернативните датуми за одигрување на овие два меча, како и на Ф4, ќе бидат познати наскоро.

Идеален тим на СЕХА за месец март:

Голман – Матеј Ашанин (Загреб)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Милош Божовиќ (Загреб)
Среден бек – Педро Пачеко (Татран Прешов)
Десен бек – Микита Ваилупов (Мешков Брест)
Десно крило – Драган Гајиќ (Веспрем)
Пивот – Растко Стојковиќ (Војводина)
Тренер – Веселин Вујовиќ (Загреб)