Тиквеш пружи отпор, но Охрид тргна со триумф на суперлигашката премиера

Ракометарите на Охрид забележаа победа на премиерниот натпревар од новата сезона во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа составот на Тиквеш со 29-24.

Kaвадарчани одржуваа резултатска рамнотежа во поголем дел од првото полувреме, иако охриѓани беа тие што диктираа темпо. По 9-8 во финишот на полувремето, домашните направија серија од три гола за 12-8, а на пауза се замина со 13-9.

Шилегов и Кривокапиќ зголемија на 15-9 и го најавија триумфот. Во продолжение на мечот беше и плус седум, 21-14, за избраниците на Раде Стојановиќ, а кавадарчани во продолжение останаа без Стефан Трпчевски, кој поради три исклучувања доби црвен картон.

На крајот по 28-22, Тиквеш намали на минус четири, 28-24, но немаше време за нешто повеќе од пристоен пораз. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Милошевиќ со пет гола, а по четири дадоа Шилегов, Андоновски и Николов со по четири погодоци. Кај Тиквеш се истакна Трпчевски со пет погодоци.

12 септември 2021
29 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 септември 2021 14:30 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12.09.2021 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1329Победа
ТИКВЕШ 2014924Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
Алекса Милошевиќ-05
Филип Грубор-01
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило04
5Мартин Ивановскицентрален бек02
6Филип Кривокапиќцентрален бек01
8Наум Костовдесно крило01
10Филип Николовдесен бек04
11Мице Шилеговдесно крило04
12Христијан Коваческиголман00
14Михајло Младеновиќлев бек02
24Мартин Манасковлев бек00
31Славчо Шулески-00
35Николче Ристескилево крило01
44Стефан Додиќцентрален бек13
55Христијан Димитриескипивот01
 Вкупно 129

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
Стефан Трпчевскидесен бек35
1Марјан Велковголман00
2Марио Гичевцентрален бек01
4Марко Трајковскипивот01
9Орданчо Лазовлево крило02
12Александар Стојаноскиголман00
13Борче Соколовцентрален бек00
19Дејан Гошевскидесен бек03
22Евгениј Темелкоскидесно крило01
24Дарко Кондевлево крило04
26Ристо Окардовпивот02
34Страхиња Симиќцентрален бек02
77Јане Јанчевцентрален бек03
 Вкупно 324

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
НАУМОВСКИ РУСЕ