Тиквеш како „брз воз“ низ Прилеп

Тиквеш славеше важна победа во битката за плеј-офот во Суперлигата. Тимот од Кавадарци немаше поголеми проблеми и триумфираше на незгодното гостување кај Прилеп со 24-31.

Кавадарчани уште на стартот си го фатија редот, се одлепија на 0-4. Домашните тешко го наоѓаа патот до мрежата на одличниот Стојаноски, па Тиквеш по петнаестина минути веќе имаше плус седум, 2-9.

Момците на Горан Андоновски имаа највисоки плус осум, 4-12, но во продолжение домаќините почнаа да играат посериозно во одбраната, а погодуваа во нападот. По 8-15, со серија од три гола, Прилеп ја преполови негативата, 11-15.

Беше и 12-16, останаа уште десетина секунди за нападот на Тиквеш, и по едно невнимание на прилепчани, десното крило Темелкоски погоди за плус пет на пауза за кавадарчани, 12-17.

Прилеп намали на 14-17 на стартот на вториот дел, но повторно следуваше голем пад во играта и Тиквеш се одлепи на 15-22. Продолжија проблемите во нападот на домашните, кавадарчани ги казнуваа сите грешки и во еден момент беше и плус десет, 21-31. До крајот Прилеп со три гола во серија успеа да го ублажи поразот.

2 февруари 2022
24 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
2 февруари 2022 20:20 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 02.02.2022 60'

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП1224Пораз
ТИКВЕШ 20141731Победа

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Стојкоскиголман00
3Давид Јордановски-01
5Лео Дамчевски-01
9Христијан Бикоскилево крило03
18Давор Шокоскилев бек06
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-01
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило05
27Марио Гичевцентрален бек22
28Синиша Павловдесен бек01
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек13
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек01
 Вкупно 324

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Благој Пановголман00
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек02
11Евгениј Темелкоскидесно крило05
12Марјан Велковголман00
16Александар Стојаноскиголман00
17Давид Иванов-00
18Никола Стефановиќпивот03
19Дејан Гошевскидесен бек01
23Стефан Милков-00
24Дарко Кондевлево крило22
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило01
34Страхиња Симиќцентрален бек07
77Јане Јанчевцентрален бек15
96Стефан Трпчевскидесен бек25
 Вкупно 531

Officials

Делегат:Судии:
ОГНЕНОВ ИГОРИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515