Тиквеш и Јуниор КВ победија на последните тестови пред стартот на Суперлигата

Тимот на Тиквеш му се реваншираше на КЛ7 за поразот на претходниот пријателски натпревар и славеше во Кавадарци во вториот меѓусебен дуел.

Кавадарчани уште на полувреме обезбедија доволна залиха од пет погодоци, 16-11, а во вториот дел рутински ја задржаа предноста и го затворија мечот со конечни 31-26.

Уште еден нов суперлигаш, Јуниор Кисела Вода, победи против тимот на Бутел со 28-29, во последната проверка за тимовите пред стартот на новата сезона.

Првото коло од Суперлигата ќе се одигра на 11 септември, а сите дуели од регуларниот дел ќе се одиграат до 26 октомври.