Тиквеш закажа шест „контролки“ со три екипи

Новиот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци во средата ги започна подготовките за новата сезона, во која ќе има камбек во елитното друштво.

Во првата фаза која ќе се одработува во Кавадарци, ќе се работи со поголем интензитет, а ќе има и два викенди за тим билдинг во Дојран и Пехчево.

Во третата фаза би требало да бидат одиграни и шест пријателски натпревари со три екипи – Радовиш, Охрид и новиот суперлигаш КЛ7.

Новата сезона, ако се оди според планот, ќе започне на 12/13 септември, а Тиквеш се најде во групата Б со тимовите на Металург, Бутел Скопје, Прилеп, Работнички, Еурофарм Пелистер 2 и Младост Богданци.