Тестовите на коронавирус негативни, металурзи заминаа за Швајцарија

Ракометарите на Металург денеска отпатуваа за Истанбул, а утре ќе продолжат за швајцарскиот град Цирих, каде што ќе се игра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Европа против Криенс.

Сите корона-тестови на ракометарите, стручниот штаб и на раководството се негативни, па тренерот Зоран Кастратовиќ на располагање ќе ги има сите ракометари.

Металург утре ќе стигне во Цирих, каде ќе го има и својот тренинг пред натпреварот.

Натпреварот со екипата на Криенс ќе се одигра во вторник, со почеток во 18:45 часот, а Металург ќе ја почне со двата гола предност стекнати од средбата во Скопје, на која славеше со 26-24.