Тензичната ситуација влијае на ракометот – нема натпревари во Украина, Мотор ќе игра во Словачка!

Актуелната ситуација меѓу Украина и Русија има влијание на претстојните натпревари во организација на ЕХФ, а во прашање се неколку европски натпревари во машка и женска конкуренција.

Веќе имаше најави дека ЕХФ нема да дозволи да се играат натпревари во овие две земји, а сега тоа е и официјално потврдено со одредени датуми и место каде истите ќе бидат одиграни.

„Европската ракометна федерација секогаш има за цел да го заштити интегритетот на своите натпревари. Во исто време безбедноста на тимовите, играчите и официјалните лица е нашиот највисок приоритет“, изјави претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

Промени има во натпреварите од Лигата на шампионите каде што Мотор Запорожје требаше да игра против ПСЖ и Барселона во 11 и 14 коло од групата Б.

Донесена е одлука натпреварот Мотор – ПСЖ да се игра во Прешов на 1 март, овој натпревар требаше да се одигра на 17 февруари. Натпреварот против Барселона кој треба да се игра на 3 март ќе остане на истиот датум и исто така ќе се игра на неутрален терен во Прешов.

Натпреварите од квалификациите за помеѓу Чешка и Украина кои беа закажани за на 2 и 5 март ќе се играат како двомеч на 4 и 5 во Чешка.

На 16 и 20 март закажани и се плеј-оф натпреварите во квалификациите за СП во 2023 во машка конкуренција. ЕХФ наведува дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе донесе одлука заедно со федерациите на Финска и Украина.

Од Европската ракометна федерација потенцираат дека продолжуваат да ја следат ситуација меѓу Русија и Украина и да носат одлуки во интерес на ракометот.