Текстилец со полн плен се враќа од Кичево

Ракометарите на Текстилец на гостувањето во Кичево немаа никакви проблеми против истоимената екипа и обезбедија лесна победа која беше изразена со 14 голови разлика, 31:17, во плеј-аут фазата од Првата лига.

Победникот беше решен уште во првото полувреме кога гостинската екипа од Штип имаше убедливо водство од 10:3. Ракометарите на Текстилец секоја грешка на домаќинот ја искористуваа за лесни голови и на полувреме заминаа со висока предност од 16:8.

Второто полувреме беше само формалност, а разликата полека растеше во корист за штипјани. При резултат 28:13 за Текстилец, шанса на теренот имаа и ракометарите со помала минутажа од двете екипи.

Предводници во убедливата победа беа Васе Петров со девет гола, осум додаде Милисав Петров. Во екипата на Кичево се истакнаа Никола Стојчески и Владимир Новески со по четири гола.