Текстилец не издржа, Македонија Ѓорче Петров лесно до нова „тројка“

Екипата на Македонија Ѓорче Петров одигра солиден натпревар и славеше над Текстилец со резултат 25:19 во рамките од плеј-аут групата Првата машка лига.

Домашната екипа го отвори натпреварот преку Неделковски за 1:0 и беше во постојана предност во текот на целиот натпревар. Првото полувреме заврши со резултат 13:11 за составот на Македонија Ѓорче Петров.

Вториот дел донесе интересна борба на двете страни. Гостите од Штип го израмнија резултатот на 15:15, а потоа и на 16:16, но до крајот на натпреварот паднаа физички и нивните грешки беа казнети од страна на противникот. Неискористените шанси беа причина плус за поразот од шест разлика.

Најефикасен во составот на Македонија Ѓорче Петров беше Неделковски со осум погодоци. Во екипата од Штип, Петров беше најдобар стрелец со шест голови.

Во следното коло, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Борец во Велес. Текстилец на свој терен ќе ја пречека екипата на Партизан од Гевгелија.