Текстилец играше само со осум ракометари – Вардар Неготино лесно го освои Штип

Ракометарите на Вардар Неготино забележаа убедлива победа на гостувањето кај штипски Текстилец со 22-31.

Во натпревар од 14 коло во групата 1 на Првата лига, неготинци по првиот дел водеа со 11-15, но во второто полувреме домаќинот кој играше со осум ракометари, немаше сили за камбек во мечот и гостите на крајот победија без проблеми.

Најдобри стрелци кај Вардар Неготино беа Ташев со осум и Кузманов со пет, додека за домашниот тим Крум Гогов даде девет погодоци.