Текстилец во финишот го скрши отпорот на Борец

Во рамките од плеј-аут групата во Првата лига, Текстилец беше подобар од Борец на свој терен со 26:23.

Ракометарите на Борец преку Миленков и Ристевски имаа водство во првите минути од 2:3. Екипата на Текстилец успеа да го израмни резултатот, а минута подоцна со голот на Ристов го имаше и првото водство на натпреварот од 4:3.

Домашниот тим успеа да ја сочува предноста и на пауза замина со предност од 15:14.

Во вториот дел, Текстилец со мини серија од 2:0 стигна и на плус три, 17:14. Сепак, Борец успеа да се врати во игра и во 42. минута го израмни резултатот на 18:18. Табаков беше успешен за првото водство на Борец во вториот дел од 18:19.

Неизвесноста продолжи и во последните десет минути. Во играта гол за гол, Текстилец успеа да биде подобар противник.Трите гола во низа на домаќините во последните две минути беа пресудни за остварената победа.

Најефикасен во составот на Текстилец беше Милисав Петров со осум гола, додека во екипата на Борец, Јован Атанасовски ги предводеше стрелците со шест гола.