Тежат пет европски титули – заедно ја започнуваат суперлигашката приказна на Скопје (ФОТО)

Екипата на Скопје денеска го игра првиот суперлигашки натпревар во клупската историја, откако во јуни како првопласиран тим во Првата лига обезбеди место во елитата.

Скопје е веројатно единствениот машки клуб, кој на клупата покрај првиот тренер Симе Симовски има и три дами.

На дуелот против Вардар, на клупата на Скопје, се и Андријана Будимир и Ања Алтхаус, некогашни членки на Кометал Ѓорче Петров и Вардар, кои заедно “тежат” пет европски титули.

Будимир стигнуваше до европски титули со Шлагелсе и Кометал Ѓорче Петров, додека Алтхаус ги освојуваше со Ѓер и Виборг. Покрај Будимир и Алтхаус, на клупата е и физиотерапевтот Марија Танчева.