Ташев и Кузманов остануваат во Вардар Неготино, договорите ги продолжија уште тројца

Тимот на Вардар Неготино од септември ќе игра во суперлигашкото друштво, па веќе се прават планови за следната сезона.

Носителите на играта Драган Кузманов и Ѓорѓи Ташев ги продолжија договорите и ќе останат во тимот, иако имаа понуди и од други клубови.

Покрај нив во Вардар Неготино остануваат уште тројца ракометари од играчкиот кадар што играше во Првата лига – Александар Мицев, Перо Пеовски и Ѓорѓи Орешков.

Претходно беше решено тренерското прашање и стана јасно дека поранешниот македонски селектор Владимир Глигоров ќе го води неготинскиот тим низ Суперлигата.