Татран Прешов го задржува тренерот, Славко Голужа и следната година на клупата

Пред утрешниот дуел против екипата на Еурофарм Пелистер, раководството на Татран Прешов се одлучи да ја продолжи соработката со тренерот, Славко Голужа.

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Хрватска ќе остане тренер на Татран Прешов и следната сезона. Голужа имаше договор со клубот до завршувањето на актуелната сезона, а поради солидните настапи на меѓународна сцена  со неговите избраници, договорот е продолжен за уште една година.

Во Татран Прешов, Голужа пристигна во 2017 година и одлично се снајде во првиот интернационален предизвик како тренер. Претходно во неговата тренерска кариера ги предводеше Загреб и Сисак.

Оваа сезона, Татран Прешов во Сеха лигата моментално има одиграно 4 натпревари и има биланс од една победа и три порази. Во рамки од Лигата на Европа, тимот од Словачка беше елиминиран во групната фаза.